Поврзете се со нас

Репрезентација

Кочов: Треба да бараме победа на секој натпревар

Објавено

на

Нашата кошаркарска репрезентација веќе е во Перм и денеска го одработи првиот тренинг пред предизвиците и четирите натпревари што ќе ги одиграме во пет дена во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Сите 15 играчи се спремни за битките со Италија, Русија и Естонија, постои оптимизам во нашиот табор и сега треба зацртаното да се одработи, постигне на терен.

-Точно е, тука во Перм нè чека последниот прозорец, последниот дел од квалификациите за ЕП. Сигурно најтешкиот дел, ако се земе в предвид дека за пет дена треба да одиграме и четири натпревари. Меѓутоа мислам дека играчите се подготвени. Доаѓаат од натпреварувачка сезона, сите се во натпреварувачки ритам, и мислам дека можеме да издржиме, -вели Ѓорѓи Кочов кој е еден од асистентите на селекторот Александар Тодоров.

Воедно тренерот на МЗТ Скопје смета дека на секој натпревар треба да бараме шанса за победа, поточно да не ја чекаме само битката против Естонците.

-Сметам дека на секој натпревар треба да си ја бараме нашата шанса. Не треба да се сконцентрираме само на оној последниот, со Естонија. Бидејќи секој натпревар сам по себе е различен. Како за нас, така и за противниците. На секој натпревар треба да влегуваме максимално подготвени за да оствариме победа, иако воопшто нема да биде лесно. Без оглед на тоа што Русија и Италија имаат подмладени тимови, тоа се сепак квалитетни екипи.

Естонија, со ваков состав каков што се зборува дека ќе настапат ослабени, мислам дека имаме предност. Но имавме предност и во Скопје, меѓутоа, тензијата и императивот кој ни се наметна да се победи по секоја цена, мислам дека ни се одрази негативно. Едноставно кажано, на секој меч треба да бидеме максимално посветени, и во одбрана и во напад. И едноставно да се бара победа на секој натпревар, -порача Кочов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни