Кочов: Со толку промашени слободни не можете никого да победите

kocov-mzt

Тимот на МЗТ Скопје дефинитивно има сериозен проблем кога се во прашање гостинските мечеви во АБА2 лигата, а тоа го потврди и пресметката во Хрватска со Сплит која ја загубија со 98-85.

„Штрковите“ имаа позитивни моменти и минути, ама и лоши периоди како последниот кој го загубија со 31-16, плус ако на ова се додаде дека екипата промаши 13 слободни на натпреварот (9/22) тогаш повеќе од јасно е зошто македонскиот првак го претрпе петтиот пораз на деветтиот меч надвор од „Јане Сандански“.

-Направивме многу пропусти во одбраната во првиот дел. Ние добро го контролиравме мечот, ама во важните моменти ја немавме вистинската игра во одбраната. Сплит е опасна, талентирана екипа. Ги понесе атмосферата, публиката, а ние застанавме. Примивме 98 коша и промашивме 13 слободни фрлања. Со толку промашени слободни не можете никого да победите, а не па Сплит, -истакна тренерот Ѓорѓи Кочов.

Facebook Коментари