АБА лига
Кочов разочаран од неговите избраници: Правевме се за да не победат, ваква неодговорност не смее да се повтори

Екипата на МЗТ Скопје победнички го отвори вториот турнир во АБА2 лигата, односно славеше минимално над Хелиос Санс со 70-69.
„Металците“ одиграа коректно прво полувреме кое го завршија со плус 10 (46-36), меѓутоа во продолжението клубот од Аеродром ја загуби играта, темпото, правеше грешки и на крајот се доведе во ситуација Хелиос да го има последниот шут за победа, шут кој за среќа на македонскиот претставник не заврши низ мрежичката.
Тренерот Ѓорѓи Кочов беше бесен и не го криеше разочарувањето од играта на неговите момци во вторите 20 минути.
-Се доведовме во ситуација во првото полувреме да играме една друга кошарка, а во второто некој друг тим. Такви почетнички грешки нема ниту во јуниорски тимови. Знавме дека ќе сакаат да играат зона, дојдени се без некои играчи, ама тогаш тимот е најопасен. Ние пред две години се најдовме во иста ваква ситуација и со шест играчи ги добивме кај нив.
-Знавме дека ќе играат зона, ама таква неодговорност и такви глупости во завршницата, правевме се за да не победат. Добро е што барем триумфиравме, секој меч е многу важен, ова ќе го корегираме уште вечерва. Сите сме заедно, имаме време тоа да го поправиме. Ваква неодговорност не смее да се повтори, -порача Кочов.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Италијапред 22 часа
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Германијапред 20 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 24 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел
- Италијапред 21 час
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А
- Италијапред 22 часа
Меџорини се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)