Поврзете се со нас

АБА лига

Koчов по поразот од Младост: Не сакам да го коментирам натпреварот

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје не се избори за посакуваниот резултат и претрпе пораз од Младост Земун во последниот меч од „балонот“ во Сараево во АБА2 лигата.

„Штрковите“ имаа подеми и падови, но без разлика на се последната минута ја дочекаа со плус три (75-72), ама тука се „заглавија“ и му дозволија на противникот на направи серија од 10-0 и да слави со 82-75.

-Ова ми е шести пат да играме натпревар во Сараево и ќе беше убаво да забележиме шеста победа на шестиот меч. Натпреварот не сакам да го коментирам. Му честитам на Младост за играта и борбеноста, исто така сакам им честитам на моите играчи за борбеноста и желбата да се победи. Натпреварот не сакам да го коментирам, -порача тренерот Ѓорѓи Кочов кој не беше задоволен од конечниот исход од десеттиот натпревар во регионалното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни