Кочов останува на чело на МЗТ Скопје и во следните две сезони

kocov

Од редовите на МЗТ Скопје Аеродром потврдија дека досегашниот тренер Ѓорѓи Кочов ќе остане на нивната клупа и во следните две години.

Кочов го наследи Жељко Лукајиќ на клупата на „штрковите“ и ја доврши сезоната во АБА и Македонската лига каде не успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона.

Кочов важи за еден од најперспективните млади кошаркарски тренери во Македонија, а во „Јане Сандански“ пристигна од редовите на Вардар каде беше играч, а по завршувањето на играчката кариера седна и на тренерското столче.

Facebook Коментари