Поврзете се со нас

АБА лига

Кочов: Ќе бидеме се подобри и подобри, МЗТ Скопје станува екипа

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје дојде до втората победа на турнирот во Златибор и тоа против Широки Бријег кого го совлада со 80-73 во третото коло од АБА2 лигата.

Македонскиот претставник беше во негатива по првата четвртина, но потоа одигра добро во вториот период во кој го презема водството и потоа истото го задржа до самиот крај. Од ова издание задоволен беше тренерот Ѓорѓи Кочов кој смета дека неговите момци растат од натпревар во натпревар и стануваат екипа.

-Ова беше цврст натпревар. Секоја чест на Широки, тим кој е млад, ама страшно борбен. Го контролиравме мечот со исклучок на првата четвртина. Имаме падови во играта, ама ќе бидеме се подобри и подобри. Честитки до моите играчи, мислам дека стануваме екипа. Наша цел е АБА1 лигата која двапати ни бега за малку. Сега нема назад, нема што да лажеме. Системот за нас е незгоден, затоа што нема дома-гости, нема публика, но што е тука е, што да правиме. Дали можеме ќе видиме на крајот на сезоната, -истакна Кочов.

Нареден противник на „штрковите“ е Борац Бања Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни