Кочаман потврди, Елмас е пријавен за настап за Фенербахче

elmas grupna

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас минатото лето направи трансфер од Работнички во турскиот гигант од Истанбул, но досега се уште нема официјален компетитиван настап за клубот од Истанбул.

Причината за тоа беше административна, но сега се е средено, поточно Елмас е пријавен за настап за преостанатиот дел од оваа сезона.

-Ние имаме 14 фудбалери кои треба да ги запишеме на листата, а Елиф е еден од нив, -истакна тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман.

Следните два меча за Фенер се против Истанбулспор во Купот и против Гезтепе во шампионатот.

Facebook Коментари