Коби и Леброн имале финален разговор во саботата вечерта, играчите на Лејкерс го слушале истиот (Фото)

lebron-kobi

НБА лигата одлучи да го одложи големото дерби меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс кое требаше да се одигра во „Стејплс центарот“, откако беше утврдено дека играчите во жолто не се емотивно и психолошки подготвени да играат кошарка после тоа што се случи во неделата наутро.

Коби Брајант трагично го загуби животот на 41-годишна возраст во моменти кога со својата ќерка и со уште седум пријатели беше на пат да одработи стандарден тренинг во Академијата, лет кој за огромна жалост се покажа како последен и кобен за него бидејќи хеликоптерот се урна на 60 километри од Лос Анџелес.

Густата магла во Калифорнија придонесе да бидеме сведоци на една од најголемите трагедии во историјата на спортот, а бидејќи смртта на „црната мамба“ ги погоди сите луѓе во Лос Анџлес и пошироко, сосема нормална е одлуката за одлужување на дербито. Истовремено кога се пренесе оваа вест, огромно внимание во јавноста предизивка и угледниот инсајдер за НБА лигата, американскиот новинар Шемс Чаранија.

Експертот на „Атлетик“ кој важи за инсајдер на НБА лигата откри дека Коби Брајант еден од своите последни телефонски разговори во животот го водел со Леброн Џејмс, откако и лично преку телефон му честитал на „кралот“ за тоа што го мина на вечната листа на стрелците.

– Една финална конверзација: Леброн Џејмс и Коби Брајант имале телефонски разговорот во саботата вечерта откако Џејмс го мина Брајант на вечната НБА листа. Неколку играчи на Лејкерс го слушале разговорот, тоа ќе биде нивното последно сеќавање од гласот на Брајант….

Facebook Коментари