Кобајаши со победа ја отвори турнејата „Четири скокалници“

Јапонецот Риоју Кобајаши победи на натпреварот во Оберстдорф, со кој вечерва започна новото издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, во рамките на Светскиот куп во ски-скокови.

Кобајаши го освои првото место во Германија со скокови од 138 и 134 метри, со што на одличен начин ја започна одбраната на трофејот од минатата година.

За јапонскиот репрезентативец ова е петта победа по ред на турнејата, откако минатата година триумфираше на четирите натпревари, со што стана само петти скокач во историјата со ваков резултат.

Германецот Карл Гајгер и Давид Кубацки од Полска се изборија за второто и третото место и се дел од победничкиот пиедестал во Оберстдорф.

Следниот натпревар е во Гармиш на првиот ден од новата 2020 година.

Facebook Коментари