Поврзете се со нас

Олимписки игри

Кобајаши ја потврди доминацијата на малата скокалница, историско прво олимписко злато за Нов Зеланд

Објавено

на

Риоју Кобајаши победи на новогодишната турнера „Четири скокалници“, а извонредната форма ја потврди и на Зимските Олимписки игри во Пекинг, кој денеска ги отвори со посакуван триумф.

Јапонецот го освои златниот медал на малата скокалница и покажа дека е подобар од конкуренцијата, која денеска не беше онаа вобичаената од последно време.

Кобајаши беше најдобар со скокови од 104,5 и 99,5 метри и собра вкупно 275 поени, а најголеми губитници денеска дефинитивно се Петар Превц и Камил Штох кои не завршија на пиедесталот.

На нивно место се најдоа Австриецот Мануел Фетнер кој приреди сензационален резултат, додека бронзата му припадна на Полјакот Давид Кубацки.

Од денешниот натпреварувачки ден, за издвојување е историјата која ја направи Зои Садовски која во сноуборд натпреварувањето беше најдобра и го донесе првиот златен медал за Нов Зелан од постоењето на Зимските Олимписки игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни