Поврзете се со нас

Шпанија

Клупски колега на Димитриевски уапсен поради обвинение за сексуален напад

Објавено

на

Фото: https://x.com/valenciacf_en

Валенсија ги продолжила тренинзите со фудбалерите кои не настапуваат за националните тимови, а членовите на шпанскиот клуб денеска биле шокирани откако дознале која е причината што на последниот тренинг не се појавил Рафа Мир.

Шпанскиот напаѓач бил уапсен од полицијата, откако за него стигнале пријави за сексуален напад од две девојки, а во кој бил вклучен и пријател на фудбалерот.

„Марка“ тврди дека Мир и неговиот пријател биле задржани во полициска станица и дека ќе останат таму до утре, кога ќе бидат изведени пред судија.

Полицијата наводно има и сведок за случувањата на забавата која била организирана во куќата на Мир, во околината на Валенсија, а овој скандал може да има сериозни последици по кариерата на фудбалерот.

Мир настапува за Валенсија како позајмен играч од Севилја, а беше стартер на три од четирите натпревари во новата сезона на Ла Лига. Скандалот се случува додека нашиот Столе Димитриевски се подготвува со македонската репрезентацијата за настапите во Лигата на нации.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни