Поврзете се со нас

Англија

Клупска легенда за ефектот на напаѓачите: И јас би имал проблем да давам голови во ваков Јунајтед

Објавено

на

Фото: https://x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед не може да се пофали со соодветен ефект на своите напаѓачи сезонава, нешто што влијае на резултатите, но истовремено е поврзано и со начинот на кој играат другите линии во екипата.

Клупската легенда Енди Кол смета дека главниот проблем не е кај напаѓачите и смета дека не може да се очекува повеќе од нив во ваква тимска ситуација.

– Јас имав голема среќа, затоа што во периодот во кој бев во Јунајтед имав можност да работам со докажани професионалци од кои научив многу.

– Овие момци (Хојлунд и Зиркзе) се фрлени на „празен терен“, се работи за двајца млади играчи кои покрај себе немаат поискусни колеги кои би требало да ги водат.

– И јас да дојдев во овој Јунајтед и да бев под ваков притисок, сигурно ќе ми беше тешко. Екипата генерално не постигнува многу голови и нормално е тоа да се одрази и на бројките на напаѓачите. Лично ги поддржувам Хојлунд и Зиркзе, како и менаџерот, кој се обидува да го врати тимот на вистинска патека на свој начин. Работите ќе си дојдат на свое место, добрите времиња доаѓаат после лошите времиња и Јунајтед ќе се врати на местото кое му припаѓа, – рекол Кол.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни