Поврзете се со нас

Франција

Клупска легенда ги мотивираше играчите на Лион, друга му порача дека попусто се обидува (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OL

Лион доби нов тренер во италијанскиот стручњак Фабио Гросо, но ги разочара своите фанови и на натпреварот со Ле Авр.

Фаворитот освои само бод во ремито без голови, а не помогна ниту мотивацискиот говор на клупската легенда Сони Андерсон.

Бразилецот кој извршува спортска функција во клубот ги собра играчите пред почетокот на натпреварот и се обиде со говор да го подигне нивото на мотивација, но тоа очигледно немаше ефект.

Доби одговор и од негов поранешен соиграч, голманот Грегори Купе, според кого заложбите на Сони биле залудни.

– Добар обид Сони, но не сум сигурен дека зборуваш со тим во кој играат пријатели подготвени да гинат еден за друг, па и за клубот кој го претставуваат, – порачал Купе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни