Поврзете се со нас

Формула 1

Клучен момент во квалификациите: Хамилтон удри во заштитниот ѕид при влез во боксот (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон имаше потенцијал за најбрзо време во квалификациите за Ф1 трката во Русија, но на крајот ќе стартува од четвртата позиција.

Британецот имаше најдобро време во завршницата, но влегувањето во боксот му донесе неочекуван проблем, а потоа немаше вистински предуслови да го подобри своето дотогаш најдобро време.

При влезот во боксот, Хамилтон ја изгуби контролата и удри во заштитниот ѕид, па тоа беше и главна причина, што подоцна мораше да се задоволи со четвртото најбрзо време.

До пол-позицијата стигна Ландо Норис, а зад него се најдоа Карлос Саинц и Џорџ Расел.

Клучниот момент за позицијата на Хамилтон можете да го видите на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни