Поврзете се со нас

Шпанија

Клучен играч на Реал се повреди на тренингот на Франција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти се соочува со кошмарни вести кога се сериозните поверди во прашање од самиот старт на сезоната, па затоа воопшто не му оди во прилог кога се повредуват и играчи за време на репрезентативната пауза.

Италијанецот ги загуби Милитао и Куртоа до крајот на сезоната, Арда Ѓулер никако не може да крене глава од повреди, а сега „кралевите“ неколку дена ќе стравуваат и за Едуардо Камавинга.

Младиот играч за врска заработил удар во коленото на денешниот тренинг на Франција и не го довршил истиот, бидејќи морало да му биде пружена лекарска помош на теренот.

Фантастичниот Камавинга игра во извонредна форма за првиот тим на Реал и се претвори во клучен игра за системот на Анчелоти, па затоа ситуацијата од Франција будно ќе се следи и од шпанската престолнина.

Добра вест е тоа што Камавинга успеал да стане на нозе и го кренал палецот додека го напуштал теренот, но сега лекарските прегледи ќе покажат од каков тип е повредата и дали ќе треба да паузира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни