Поврзете се со нас

Германија

Клучен играч на Леверкузен уште во септември најави дека си оди од клубот на крајот на сезоната

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Јонатан Та беше пред трансфер во Баерн Минхен и ги договори сите детали со баварскиот великан, но на крајот Баер Леверкузен реши да лицитира со големиот ривал, па на крајот целата операција пропадна.

Германскиот репрезентативец остана во Леверкузен и ќе го доработи договорот кој му завршува следното лето, но Та уште отсега најави дека не планира да остане на „БајАрена“ по истекот на оваа сезона.

Клучниот играч во одбраната на германскиот шампион е цврсто решен дека дошло до крај на еден циклус, па така следното лето ќе си замине од клубот како слободен агент.

– Мојата одлука останува иста, ништо не се променило поради случувањата на крајот на месец август. Нема да го продолжам мојот договор поради професионални причини. Имам договор до 2025-та година и дотогаш ќе дадам се за Леверкузен.

– Фудбалската кариера е кратка и јас сакам да го искористам максимумот. Сакам да го покажам мојот потенцијал најмногу што можам. Летово мислев дека е време за нешто ново, девет години сум во Леверкузен и доживеав многу работи. Затоа нема да го продолжам договорот, сметам дека мојот циклус тука е при крај, – најави Та.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни