Поврзете се со нас

Англија

Клубовите пресудија: Премиер лигата го откажа цело натпреварувачко коло (Фото)

Објавено

на

Британската Влада не даде никакви препорака за затворање на цел спортски свет и им даде простор на спортските тела сами да одлучуваат како ќе се одвива претстојниот викенд, но и покрај тоа, клубовите од Премиер лигата со мнозинство изгласале да се откаже цело натперварувачко коло.

Шестата рунда во Премиер лигата ќе мора да добие нов термин за одигрување, сето тоа како последица на трагичната вест која вчеравечер пристигна од Бакингемската Палата.

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст и ја зави во црно цела британска јавност, па поради тоа, клубовите решија дека не е време за фудбал, туку за оддавање почест на жената која повеќе од 70 години владееше како Кралица.

– На состанокот кој го имавме ова утро, сите клубови од Премиер лигата оддадоа почит кон нејзиното височество, Кралицата Елизабета Втора.

– За да го испочитуваме нејзиниот извонреден живот и придонес кој го имаше за нацијата, но како знак на почит, решивме цело коло во Премиер лигата овој викенд да биде одложено, вклучувајќи ја и понеделничката програма.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни