Поврзете се со нас

Македонија

Клубот од Штип има нов напаѓач: Репрезентативец на Јамајка ќе го носи дресот на Брегалница (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.fkbregalnica.mk/

Брегалница продолжува да го гради тимот за престојната сезона, а најнов член на македонскиот прволигаш е офанзивецот Колин Антони Андерсон.

Андерсон е повремен репрезентативец на Јамајка кој во Штип доаѓа од Кавалиер. Тој има 24 години и освен како класичен шпиц може да игра како втор напаѓач, но и како десно крило.

Претходно Брегалница ги ангажираше интернационалците од Панама и Костарика, Самал Дикенс и Фабрицио Венегас, но и Мартин Давков, Кире Новаков и Ване Јованов кои се повратници меѓу „сините“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни