Поврзете се со нас

СЕХА лига

Клубот од Битола влезе во лоша серија: Пелистер загуби и од Татран Прешов

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер влезе во лоша резултатска серија, па така откако ги загуби двете битки со Магдебург во осминафиналето на Лига Европа и дербито со Вардар во домашниот шампионат, вечерва претрпе пораз од Татран Прешов во СЕХА лигата.

Клубот од Битола не успеа да се справи со домашниот тим кој во двете полувремиња беше подобар со истиот резултат 16-14 за конечни на крајот 32-28. Ова за четата на Бабиќ беше втора загубен меч во групата А, дуел во кој Периќ даде 10, а Мандалиниќ 7 погодоци.

Кај победникот се истакнаа Рабек и Пачеко со по 7 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни