Поврзете се со нас

Македонија

Клубот ја потврди разделбата: Осум играчи си заминаа од Шкупи

Објавено

на

Екипата на Шкупи ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар за новата сезона, односно досега се потврдени дури осум заминувања на играчи од Чаир.

Поранешниот македонски шампион потврди дека на Кристијан Наумовски и Фреди Алварез им се приклучуваат Владица Брдаровски, Џелил Абдула, Мелос Бајрами, Бесник Ферати, Пепи Георгиев, плус е раскинат договорот со голманот Стефан Јакимовски.

На оваа листа можат да бидат додадени и некои играчи, но во меѓувреме Шкупи најавува и засилувања со кои тимот би бил конкурентен на европската и домашната сцена.

Да потсетиме чаирчани ќе не преставуваат во Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни