Поврзете се со нас

Свет

Клуб од МЛС лигата сака да ги спои Ројс и Левандовски

Објавено

на

foto: x.com/BVB

МЛС лигата повторно стана интересна дестинација за познатите, квалитетни имиња особено откако таму се пресели Лионел Меси кого потоа го следеа Жорди Алба, Серхио Бускетс, Луис Суарез…

Во скоро сите тимови има играчи кои оставиле трага во Европа, поточно нивново име е познато за пошироката јавност, фановите. Кон таа група на фудбалери се очекува да биде додаде Марко Ројс кој ја заврши приказната со Борусија Дортмунд и како слободен играч ќе може да ја избере следната дестинација.

Најблиску до неговиот потпис е ЛА Галакси кој освен него сака да го доведе и Роберт Левандовски, поточно да ги спои асовите кои своевремено играа заедно за „милионерите“.

Ситуацијата со Марко е чиста, додека пак Роберт веќе најави дека сака да продолжи да игра за Барселона. Тој во минатото има посочено дека би сакал да игра во САД при крајот на кариерата, па останува да се види дали сега таа опција е реална или во блиска иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни