Поврзете се со нас

Германија

Клозе ќе биде тренер на деветкратниот германски шампион

Објавено

на

foto:x.com/1_fc_nuernberg

Легендарниот германски ас, Мирослав Клозе веќе некое време е во тренерските води, но засега не може да се пофали со некој позначаен резултат.

Секако тоа може да се промени, а нова можност е ангажманот во деветкратниот германски шампион (втор на вечната листа зад Баерн), Нирнберг кој се натпреваруваа во втората лига.

-Традиција, страст, чесна работа, одлични навивачи – сето тоа се работи што ги сакам во фудбалот и кои ги поврзувам со ФК Нирнберг. Затоа веднаш ja зграпчиv можноста да станам тренер овде. Клубот има одлична основа со својата младинска работа, на која сакаме да се надградуваме. Го познавам и го ценам Јоти долги години. Ние сме на иста бранова должина како луѓето и во начинот на кој размислуваме за фудбалот.

-Сега е време да тргнеме, да се зафатиме и да ја изведеме сезоната на вистинскиот пат, -порача Клозе кој досега има работено во тимот на Баерн Минхен до 17 години, потоа како асистент во првата екипа на Баерн и германската селекција, а го водеше и австрискиот прволигаш Алтах.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни