Свет
Клосе: Порано сите се плашеа од Германците…

Германската репрезентација веќе некое време е во пад и најдобар доказ за тоа се резултатите на големите турнири, европските и светските првенства.
Германците беа елиминирани уште по групнатта фаза на последните два мундијали, а на претходното ЕП беа запрени уште во осминафиналето. Сега тие се решија да не играат квалификациите и преку пријателски натпревари да ја темпираат формата за првенството кое наредната година ќе се одржи во нивната земја, меѓутоа има многу прашалници, дилеми што овој тим предводен сега од Нагелсман може да направи.
Мирослав Клосе повеќе од една деценија беше дел од сениорската репрезентација, па како човек со такво искуство се обиде да направи анализа и без влакна на јазикот порача:
-Играв за репрезентацијата 13 години и секогаш имавме многу момци кои повеќе или помалку ги одредуваа работите – на тренинзите, натпреварите и во соблекувалната. Сега имате многу од нив кои не сакаат да преземаат одговорност и задачи.
-Кога работите не одат добро, прифатете ја критиката. На овие млади момци им треба некој кој ќе биде пример и од очекуваат ќе очекиуваат да ги води како лидер. Што се однесува до сегашната генерација, и покрај квалитетот, често добивам чувство дека веднаш се чувствуваат нападнати. Тоа не е добро.
-Препознатливиот имиџ на репрезентацијата веќе го нема. Наративот порано беше – еве ги Германците, никој ништо не ни можеше. Толку многу ги малтретиравме што се плашеа од нас. Не бевме подобри ниту поединечно ниту тактички, но постојано бевме присутни. Ако некој сакаше да не победи, знаеше дека ќе мора да страда и да изгори, -истакна Клосе и посочи дека овој тим нема едноставно лидери.
-Ќе те навредуваат, ќе покажуваат со прст, ќе поставуваат прашања – секој од нив. Тие понекогаш знаат да бидат здодевни, но се неверојатно значајни. Најлошо е кога играчите си одат дома без повратни информации или се навредени од критиките, -заклучи човекот кој беше дел од генерацијата која стана светски шампион во 2014 година.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата