Лига на шампиони
Клосе: Левандовски е подобар од Имобиле, Лацио ќе нема никакви шанси ако…

Утре се игра дуелот меѓу Лацио и Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а пред истиот во центарот на вниманието е Мирослав Клосе од проста причина што напаѓачот своевремено играше во двата клуба.
Клосе настапуваше со големи успех во Баерн во периодот од 2007 од 2011 година за да потоа биде одличен и во клубот од Рим од 2011 до 2016 кога и ја заврши кариерата. Поранешниот германски репрезентативец е среќен што Лацио е во ЛШ, меѓутоа смета дека Баерн е фаворит и ако одигра како што знае ќе нема проблеми против калчолигашот.
-Среќен сум што го гледам Лацио во Лигата на шампионите, но жал ми е за играчите кои мора да бидат на теренот без навивачи. Не можам да замислам нешто подобро од дуелот Лацио-Баерн пред полн стадион. Лацио има неколку добри играчи, Имобиле, Луис Алберто, Кореа и Милинковиќ Савиќ. Имаат опасно оружје, но доколку Баерн излезе на теренот со вистински пристап ќе ја забележиме разликата помеѓу двата тима, -истакна Клосе за кога Роберт Левандовски е подобар голгетер од Чиро Имобиле.
-Мислам дека Левандовски е апсолутно врвен играч. Знаев дека е силен, но сега кога го тренирам секој ден можам да кажам дека има само неколку слабости. Тој е смртоносен со двете нозе, брз е и со силен удар со глава. Имобиле е исто добар. Тој создава можности за гол и има одличен удар, но Левандовски има нешто повеќе, -заклучи човекот кој му е асистент на Ханси Флик во Баерн.

- Лига на шампионипред 24 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 21 час
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 22 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва