Поврзете се со нас

Германија

Клосе го посочи најголемиот квалитет на Кејн: Ако имав 5 проценти од тоа, ќе дадев 30 гола на светските првенства

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Мирослав Клосе беше прославен германски напаѓач и се уште важи за најдобар голгетер на светските првенства, рекорд кој според самиот центарфор можел да биде и далеку подобар доколку го поседувал квалитетот на Хари Кејн.

Поранешниот гол играч на Вердер Бремен, Баерн Минхен и Лацио посебно брилјираше кога настапуваше за репрезентацијата, но самиот вели дека неговата шутерска техника ни одблиску не може да се споредува со новата ѕвезда во тимот на Томас Тухел.

Клосе вели дека е воодушевен од англиската гол-машина Хари Кејн, за кого вели дека е прецизен како најголемите тениски ѕвезди кога испорачуваат сервиси во противничкото поле.

– Јас предвидов дека Хари ќе постигне измеѓу 20 и 25 гола, но тоа се покажа како премалку. Тој е извонреден, но тоа што посебно ме фасцинира и импресионира е неговата шутерска техника. Ако имав 5 проценти од таа техника, најверојатно ќе дадев 30 гола на светските првенства (има постигнато 16).

– Тој е толку прецизен кога е финишотво прашање, изгледа како тенисер кој сервира во противничкото поле. Тоа што тенисерите го прават со својот зглоб и раката, Хари тоа го прави со ногата. Секогаш е идентично поставен, но неговото движење со стапалото секогаш е различно во дадена ситуација. Голманите најчесто не можат ниту да предвидат каде ќе шутира, тоа е импресивно и фасцинантно, – вели Клосе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни