Германија
Клосе доби нова функција во Баерн: Се надевам со моето искуство…
Легендата на германскиот фудбал, Мирослав Клосе и официјално доби нова функција во таборот на бундеслигашот Баерн Минхен.
Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства досега беше прв тренер на тимот на Баерн до 17 години, но отсега или поточно од први јули ќе му биде асистент на Ханси Флик во првата екипа на баварците.
-Добро се чувствувам, навистина и се радувам на задачата. Флик и јас се познаваме од времето кога бевме заедно во германскиот национален тим, се веруваме едни со други професионално и лично.
-За мене, ова е следниот чекор во мојата кариера како тренер. Се надевам дека со моето искуство можам да направам важен придонес за Баерн да ги оствари своите спортски цели, -порача Клосе.
Миро многу добро го познава клубот од Минхен со оглед на тоа што тука настапуваше како играч од 2007 до 2011, па неговото искуство ќе биде повеќе од драгоцено во битката за освојување на титули.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 8 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)