Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп со оценка за својот Ливерпул: Застанавме во еден момент

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул успешно ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите и тоа против повратникот во оваа конкуренција Милан кого го доби на „Енфилд Роуд“ со 3-2.

„Црвените“ одиграа еден квалитетен меч во кој имаа само неколку црни моменти и тоа во финишот на првиот дел кога му дозволија на противникот по две брзи акции да даде два гола и да го преземе водството (2-1), меѓутоа по паузата одново си дојдоа работите на свое место, Мохамед Салах и капитенот Џордан Хендерсон донесоа пресврт и заслужени три бода.

-Игравме многу добро, интензитетот беше одличен, но потоа во еден момент само застанавме. Не знам точно кога, но престанавме да го играме нашиот фудбал. Почнавме да им оставаме премногу простор што тие го казнија и постигнаа два гола. Сепак, во ниеден момент не помисливме дека не можеме да направиме пресврт и победиме. Постигнавме два одлични гола во второто полувреме. Момците навистина направија фантастичен пресврт, -истакна тренерот Јирген Клоп кој е задоволен што на ваков начин неговиот тим ја започнаа оваа група во која се уште Атлетико Мадрид и Порто.

-Видете, противникот што го добивме од најслабиот шешир е Милан. Знаеме колку е тешка оваа група. Затоа беше важно да се слави. Овој триумф нема да реши ништо, но многу е важно што веднаш зедовме три бода,-дополни Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни