Поврзете се со нас

Англија

Клоп застана во своја одбрана по катастрофалните резултати на Ливерпул

Објавено

на

Екипата на Ливерпул се наоѓа во најлошиот период во последните години и не е ни бледа сенка од тимот кој минатата сезона доминантно ја освои Премиер лигата.

Јасно е дека тимот од „Енфилд“ се соочува со огромни проблеми со повредени фудбалери, посебно во одбраната, но тоа не е оправдување за лошите резултати и за неможноста играчите да постигнат погодок на последните средби.

Пред натпреварот кој Ливерпул ќе го игра со Фулам, менаџерот на клубот, Јирген Клоп застана во своја одбрана потенцирајќи дека никој друг тренер не би можел да го најде излезот од моменталната ситуација во која се најде се уште актуелниот англиски шампион.

– Од фудбалска гледна точка треба да се обидеме да се адаптираме, а јасно е дека не го правиме тоа доволно брзо, во спротивно ќе имавме подобри резултати. Токму затоа и се критиките, не смееме да играме поинаку освен најдобро.

– Ако има некој кој мисли дека има друг менаџер кој може да ги поправи работите, тогаш треба да се донесе одлука и тоа е јасно. Јас не мислам дека има таков. Не дека никој не може да ги подобри работите, но сметам дека сите оние кои одлучуваат ја имаат таа опција, но засега никој не ми спомнал ништо. Сепак, во фудбалот сè се менува многу брзо, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни