Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп задоволен по победата против Лајпциг: Сигурен сум дека многу од нас очекуваа…

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул,Јирген Клоп беше задоволен по победата против Ред Бул Лајпциг од 2:0 во рамките од Лигата на шампионите.

Мо Салах и Садио Мане донесоа победа за „црвените“, а Клоп по натпреварот ги пофали своите фудбалери кои се издигнале над проблемите и го добиле овој клучен натпревар.

Натпреварот се играше во Унгарија, а Ливерпул сега на „Енфилд“ ќе има значајна предност во однос на бундеслигашкиот тим.

– Многу од луѓето од нас очекуваа да се лизнеме повторно поради ситуацијата, но момците не го сторија тоа. Не верувам многу во мотивацијата за да им се докаже на луѓето дека грешат, но мислам дека сите очекуваа повторно да ни биде тешко.

– Бев многу задоволен од изданието кое водеше до заслужена победа. Ова беше натпревар во кој не очекувавме предност поради  менталитетот на двата тима. Го знам Лајпциг прилично добро и знам колку опасни може да бидат, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни