Поврзете се со нас

Англија

Клоп за враќањето на влијателниот директор во Ливерпул: Можете ли да замислите да се премислам?

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Сопствениците на Ливерпул го договорија враќањето на поранешниот директор Мајкл Едвардс во клубот, но тоа нема да влијае на одлуката на Јирген Клоп да ја напушти менаџерската позиција по крајот на сезоната.

Едвардс ќе биде нов извршен директор, што за него е камбек во Ливерпул каде помина 11 години, од кои 6 како спортски директор и според многумина е еден од најзаслужните за формирање на генерацијата која стана англиски и европски шампион.

– Ова е најдобар клуб во светот, но јас сепак заминувам. Посакувам и во иднина екипата да постигнува најдобри резултати што може, а Мајкл е одличен избор за директор.

– Зборувавме со клубот за оваа одлука, но тоа не значи дека сме зборувале и за моето заминување. Можете ли да замислите да се премислам? Секако дека не.

– Тоа би било исто како што веќе реков дека нема да водам друг англиски клуб во иднина, да се вратам следната сезона и да преземам некој соседен клуб или ривал. Тоа е лудост. Не ги кажувам работите пред добро да ги размислам, – изјавил Клоп денеска.

Ливерпул го освои Лига купот и останува активен во три натпреварувања кои овозможуваат најмногу 19 натпревари под водство на Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни