Поврзете се со нас

Англија

Клоп за проблемите околу продолжувањето на договорот на Салах: Не е едноставно како шолја чај на ручек

Објавено

на

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш јавно говореше за актуелната ситуација околу Мохамед Салах и продолжувањето на неговиот договор.

Египќанецот се уште не пуштил рака со раководството на „црвените“ за останување на „Енфилд“, а во јавноста веќе почнаа да се шират шпекулации дека тој би можел да се пресели во редовите на Барселона.

Дека работите не се јасни потврди и Клоп кој истакна дека не е едноставно продолжувањето на договорот на најдобриот играч на Ливерпул изминативе неколку години.

– Многу добро знаете за што се работи околу Мо. Зборуваме за продолжување на договорот на играч како Мо и тоа не е нешто што ќе се направи со шолја чај после ручек и ќе се најде договор. Оваа ситуација е целосно нормална.

– Нема ништо друго што да се каже, Mo можеби зборува за тоа кога ќе го прашаат, јас зборувам, но некои работи не се за во јавноста. Тој е добар, јас сум добар, јасно е што сакаме сите, но за сите работи си е потребно време, -потенцираше Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни