Поврзете се со нас

Англија

Клоп за повредата на Фабињо: Ова најмалку ни требаше во моментов

Објавено

на

Ливерпул рутински ги освои бодовите во дуелот со Митјиланд во Лигата на шампионите, но менаџерот Јирген Клоп е посебно загрижен поради новиот повреден играч во своите редови.

Се работи за Фабињо кој принудно игра на стоперска позиција по повредата на Вирџил ван Дајк, а денеска не одигра ниту цело полувреме против данскиот ривал.

Бразилецот ја напушти играта во 30. минута и беше заменет со Вилијамс, а иако тоа немаше влијание врз резултатот, претставува сериозен проблем за Клоп.

– Ова е нешто што најмалку ни требаше во моментов.

– Знам дека се пожали на болка од тетивата, а тоа не е добро. Ми порача дека може да игра, но без спринтови, а тоа не беше соодветно. Ќе видиме што ќе покажат прегледите, – изјавил Клоп веднаш по триумфот од 2:0 на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни