Поврзете се со нас

Англија

Клоп за новиот менаџер на Јунајтед: За жал, станува збор за човек кој изгради два клуба во Германија!

Објавено

на

Јирген Клоп денеска беше меѓу првите тренери кои денеска го најавија новото коло во Премиер лигата, но со оглед на тоа што Ливерпул влегува како апсолутен фаворит во утрешната пресметка со Саутемптон, на англиските новинари многу поинтересно им беше да поставуваат прашање за човекот кој менаџерот на „црвените“ добро го знае.

Ралф Рангник во секој момент се очекува да биде потврден како нов менаџер на Манчестер Јунајтед, а иако Клоп обично се дистанцира од вакви шпекулации и од коментирање на случувања во друг клуб, сега направи исклучок и нагласи дека големиот ривал добива извонреден лидер.

Клоп го познава Рангник од времето во Германија, земја во која Ралф има статус на чудотворец поради тоа што направи два големи тима од Хофенхајм и Лајпциг.

– Обично не коментирам вакви работи, но штом велите дека работата е завршена, ќе ви верувавм. За жал, навистина добар тренер доаѓа во Англија, и тоа во нашиот ривал Манчестер Јунајтед.

– Рангник е многу искусен менаџер, изгради два клуба кои почнаа од нула, а тоа се Хофенхајм и Лајпциг. Со него, Јунајтед ќе биде многу организиран на теренот, а тоа не се добри вести за останатите клубови во лигата, вклучувајќи не и нас, – порача Клоп на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни