Поврзете се со нас

Англија

Клоп за неверојатниот расплет на „Енфилд“: Во некое друго сценарио ќе зборувавме за победа од 4:1, но……..

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул си „пукаше во колено“ на домашниот „Енфилд Роуд“ и направи огромен чекор назад во битката за титулата во Премиер лигата, откако попладнево на домашен терен загуби во возбудлив меч со Кристал Палас.

Топката само еднаш ја видовме во мрежата и покрај тоа што видовме неколку колосални шанси за гол, но на крајот како одлучувачки се покажа погодокот на Езе во раната фаза на првиот дел.

Гостите од Лондон му нанесоа тежок удар на Клоп и тој со неверица ги проследуваше промашувањата на своите фудбалери, од кои посебно за издвојување се оние на Дарвин, Жота, Џонс и Салах.

Четворицата не реализираа стопроцентни шанси за 1:1, па затоа Клоп во својата анализа не пропушти да нагласи дека денеска среќата едноставно му го завртела грбот на неговиот тим.

– Во првото полувреме бевме бавни и непрепознатливи, а потоа примивме и гол за 1:0. Во вториот дел ја сменивме динамиката и бевме сосема поразлични. Да беше друг ден, ќе збрувамве за дуго сценарио. Ако тие четири топки влезеа во мрежа, ќе зборувавме за победа од 4:1, но фудбалот знае да биде и ваков. Понекогаш работите не фукнционираат онака како што посакувате и како што замислувате, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни