Англија
Клоп за најмалерозниот играч во неговиот тим: Не знам дали ќе може да заигра до крајот на сезоната
Ливерпул ја освои титулата во Карабао Купот, но „црвените“ немаат многу време за одмор и славење бидејќи уште вечерва ги чека предизвик во ФА Купот.
Противник на Ливерпул ќе биде Саутемптон и Клоп одново нема да може да смета на голем број фудбалери, но менаџерот за еден има навистина лоши прогнози, а тоа е Тиаго Алкантара.
Шпанецот прерасна во најголем малер во првиот тим на Ливерпул и беше во аут речиси 10 месеци, а кога се врати на дербито со Арсенал пред три недели, одново заработи повреда по 10 минути игра.
Во прв момент се чинеше дека мускулната повреда не е така сериозна, но Клоп сега порача дека работата не е баш добра и постои шанса Тиаго да не заигра до крајот на сезоната.
Ако се случи тоа, многу веројатно е дека Алкантара ќе се прости од Ливерпул без да заигра на зелениот терен, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на месец јуни.
– Едноставно немаме временска рамка за тоа кога ќе се врати тиаго. Не знам дали ќе може да заигра до крајот на сезоната. Има неколку работи на кои е фокусиран, но јас не знам дали ќе можеме да сметаме на него до самиот крај на сезоната. Не е работа која ќе се реши во брзо време, бидејќи заработи повреда во истата регија поради која отсуствуваше со месеци, – откри Клоп.
-
Англијапред 22 часа
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 17 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 21 час
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 22 часа
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 20 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 13 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 20 часа
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 18 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал