Клоп за изјавата на Мурињо: Нема да не вознемири

klop-siri

Јирген Клоп го подготвува Ливерпул за утрешниот англиски дуел против Челси во рамките на европскиот Суперкуп, а на денешната прес-конференција одговарал на прашања поврзани и со други теми.

Англиските новинари не пропуштиле да побараат мислење од Германецот за изјавата на Жозе Мурињо кој му даде голема предност на Манчестер Сити пред Ливерпул во однос на борбата за титулата во Премиер лигата.

– Жозе Мурињо го рекол тоа? Кога, во 2012 година? Не сум го слушнал, но сметам дека и онака нема поента да се коментира за она што го рекле другите. Ако рекол така, тоа е негово мислење, нам нема да ни помогне, но нема ни да не вознемири, – истакнал Клоп.

Facebook Коментари