Клоп за играчот кој покажа фрустрација на дербито со Јунајтед: Мора да учиме од минатото (Видео)

klopp-ocila

Ливерпул одигра фантастично дерби против Манчестер Јунајтед и според сите елементи на фудаблската игра заслужи да освои нови три бода, а иако сите играчи на Јирген Клоп имаа причина за задоволство по триумфот од 2:0, не треба да се заборави дека еден фудбалер беше доста незадоволен кога го заврши својот настап на теренот.

Алекс Оклскејд Чембрлен не беше задоволен од тоа што беше прва измена на својот менаџер и нервозно реагираше на клупата за резерви кога му го отстсапи своето место на Адам Лалана, ситуација кога денеска ја искоментира Јирген Клоп во пресрет на новиот премиерлигашки предизвик со Вулверхемптон.

– Тој не е фрустриран, само во дадената ситуација изгледа така. Го прашав дали има проблем по мечот и тој ми рече дека се е во ред. Нормално е играч да сака да ги игра сите 90 минути, но ние мора да учиме од случувањата во минатото. Окслејд е многу важен играч за нас, а неодамна имаше тешки повреди. Има моменти кога чувствувам дека играчите се изморени и повлекувам потег. Понекогаш сум во право, понекогаш не. Можеби овојпат го извадив прерано, но тој доби удар претходно и мислев дека тоа е најдобар потег, – порача Клоп пред утрешното гостување кај „волците“.

Facebook Коментари