Поврзете се со нас

Англија

Клоп за дуелот со Барнли: Ако имаше сини картони, ќе беше „див запад“

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул ја оствари целта против Барнли, освојувајќи ги бодовите на дуелот на кој беше голем фаворит на „Енфилд“, но судијата Тим Робинсон имаше доста работа во однос на недисциплината на теренот.

Покажани беа пет жолти картони, а ваков вид опомена добија и менаџерите Јирген Клоп и Венсан Компани. По натпреварот Клоп се надоврза на претходните коментари околу евентуалното воведување на син картон како привремена казна на дуелите.

– Беше многу емотивно, замислете судијата да имаше можност да покажува сини картони.

– Ќе беше „див запад“, имаше многу жолти картони.

– Не знам зошто Компани доби картон, а јас се загубив во еден момент и го заслужив картонот. Се додека не е син, па да морам да седам на некое друго место цели 10 минути, – рекол Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни