Англија
Клоп за Дијаз: Тоа беше прекрасен момент, но поважно е да добиеме добри вести од Колумбија

Ливерпул не дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај аутсајдерот Лутон каде одигра само 1-1, поточно се спаси од пораз со гол во судиското продолжение.
Погодокот вреден реми беше дело на нововлезениот Луис Дијаз кој се најде на вистинското место во 95 минута. Колумбиецот како што е познато минува низ семејна драма, поточно неговиот татко е киднапиран во неговата родна земја, па офанзивецот под дресот имаше порака во која бара негово ослободување.
Ова беше емотивен момент, па сите во таборот на Ливерпул се надеваат дека ќе се заврши оваа непријатна ситуација и тоа со позитивен епилог.
-Тоа беше прекрасен момент на натпревар од кој не може да се извлечат многу убави моменти. Луис влезе доцна и постигна гол. Но, тоа не ја менува ситуацијата. Најважно е татко му да биде ослободен. Прекрасно е што имаше желба да биде тука. За нас тоа е исклучително важен гол, за него е исто така многу важен и многу емотивен. Тој постигна гол, но она што навистина ни треба се добри вести од Колумбија, -порача тренерот Јирген Клоп.
Диаз го спаси Ливерпул од шокантен пораз од Лутон и побара ослободување на неговиот татко (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума