Поврзете се со нас

Англија

Клоп за целта на Ливерпул: Тоа ќе биде најголемо достигнување во мојата кариера

Објавено

на

Екипата на Ливерпул не успеа да ја повтори минатата сезона и мораше шампионска титула да му ја предаде на Манчестер Сити, но „црвените“ имаат и друг проблем, да обезбедат Топ 4 пласман и на тој начин се изборат за место во Лигата на шампионите.

Со драматичниот триумф над ВБА се чекор поблиску до тоа, а во случај да ја остварат таа цел тоа според тренерот Јирген Клоп ќе биде најголемо достигнување во неговата досегашна кариера.

-Тоа ќе биде големо, ќе биде едно од најголемите достигнувања. Знам како звучи тоа, но тоа е вистината. Сите овде така гледааат на тоа. Ако сакате да напишете книга за една сезона и сакате потоа да бидете депресивни, веројатно би ја зеле оваа сезона.

-Го читата тоа и си помислувате „тоа се случи и потоа ова се случи“. Повеќето работи што никогаш не би ги добиле во јавност, едноставно имавме многу работи да се справиме. Ама еве тука сме. Што и да се случи оваа сезона, добивме шанса да ја држиме нашата судбина во наши раце со две натпревари до крајот, -истакна Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни