Поврзете се со нас

Англија

Клоп за бурната реакција на Салах: Кога ќе дојде денот…

Објавено

на

Тимот на Ливерпул во самиот финиш остана без целиот плен на денешната пресметка против Брајтон во Премиер лигата.

„Црвените“ водеа до судиското продолжение во кое домаќините добија пенал, втор на дуелот кој го реализираа за конечни 1-1 со што ја продолжија лошата серија на Ливерпул кога се во прашање мечевите надвор од „Енфилд Роуд“ во оваа сезона во англискиот шампионат.

Ова воедно беше средба на која актуелниот шампион остана без Џејмс Милнер кој се повреди, но исто така пресметка на која Мохамед Салах имаше бурна реакција, откако тренерот Јирген Клоп одлучи да го замени во 64 минута.

Мо го изигнорира капитенот Хендерсон, потоа не се поздрави ни со Клоп, а дека беше многу лут се гледа и по неговата реакција на клупаба додека ја облекуваше јакната.

Според Клоп ова не е ништо и не треба да се прави „фама“, поточно тој вели дека би бил загрижен ако напаѓачот нема таква реакција и насмеан го напушти теренот.

-Денот кога Салах ќе се смее кога ќе го напуша теренот, тогаш нешто не е во ред. Го сфаќан 100 проценти, но проблемот е тоа што беше во аут десет дена поради КОВИД-19. Еднаш тренираше, играше 60 минути и по три дена пак играше. Треба да бидеме внимателни. Не го сака тоа, тоа го знаеме, ама тоа е тоа, -порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни