Поврзете се со нас

Англија

Клоп за анти-рекордот кој го постави Нуњез: Погледнете ја ситуацијата и од друг агол

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп традиционално не го гледаше пеналот кој го изведуваше неговиот тим и не можеше да види како Дарвин Нуњез ја гаѓа стативата, но и покрај малерозната вечер на Ургуваецот, Ливерпул славеше со 4:1.

Победата во дербито сигурно ќе биде незаборавна за Конор Бредли кој имаше вечер од соништата, а од друга страна, Дарвин имаше голгетерска ноќ за заборав бидејќи постави и анти-рекорд во Премиер лигата.

Нуњез стана првиот играч во историјата кој четирипати на еден меч ја погодил рамката од голот и не постигнал погодок, па на крајот мораше да се задоволи само со асистенцијата за 4:1.

И покрај лошата статистика пред противничкиот гол, Клоп останува импресиониран од вложениот труд и напорната работа која ја врши Нуњез на секој натпревар, па тоа го нагласи и по дербито со „сините“.

– Имавме лудо прво полувреме, бевме неверојатно добри и извонредни. Не знам зошто зборуваме за Дарвин? Вистина е дека имаше многу ситуации за гол, но тоа треба да се гледа и од друг агол. Видов дека првпат еден играч четирипати ја погодил рамката од голот. Сигурно не е лесно да се биде во негова кожа, уште по промашениот пенал се виде дека е лут.

– Потоа ја погоди и гредата од непосредна близина, но на крајот го заврши мечот со асистенција за гол. Токму тоа е она што ми се допаѓа кај него. Останува во играта и во мечот, без оглед на се. Навистина е лудо кога ќе се види колку често влегува во шанси за гол. Замислете да ги користеше сите шанси во кои влегува, брјките ќе беа нестварни зад неговото име. Тој е многу важен играч за нас и без головите, прави разлика и со додавањата и залагањето на теренот, – изјави Клоп.

Нестварни сцении: Малерозниот Нуњез постави напаѓачки анти-рекорд во Премиер лигата (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни