Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Второто полувреме беше вистинска бура (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Составот на Ливерпул забележа убедлив триумф над Лутон од 4-1 и сето тоа благодарение на фантастичното издание во второто полувреме.

„Црвените“ и покрај отсуствата на неколку важни играчи беа апсолутни фаворити и водството на противникот од 1-0 беше големо изненадување, меѓутоа се се промени по паузата и домаќините со погодоците на Гакпо, Ван Дајк, Диаз и Елиот направија комплетен пресврт за 18 сезонско славје во Премиер лигата.

-Многу сум задоволен од нашиот настап. Пред натпреварот никој не знаеше каков предизвик не чека. Подтигнавме гол и тоа веднаш не поттикна. Сепак, второто полувреме беше вистинска бура. Вау! Тактички не направивме никакви промени. Само им реков на момците да си веруваат. Се гледа дека оваа сезона можеме да направиме пресврт на натпреварите. Им реков да останат смирени во важните моменти за да го завршиме натпреварот според нашите стандарди. Бевме навистина будни. Голот на Коди беше неверојатен, -истакна менаџерот Јирген Клоп кој издвои четворица играчи.

-Диаз се запиша во листата на стрелците, Гакпо имаше одлична партија, Гравенберх исто така – сите беа неверојатни. Келехер мораше да се бори од осум до девет луѓе за да дојде до топката при прекини. Потоа влегоа децата и завршија одлична работа. Убаво е да се види како нашата култура ги едуцира следните генерации. Генерално, стадионот и тимот заедно го сменија текот на играта – тоа беше нешто извонредно, -заклучи Германецот.

Следно за „црвените“ е финалето со Челси во англискиот Лига Куп закажано за 25 февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни