Поврзете се со нас

Англија

Клоп воодушевен од талентот на кој му овозможи европско деби: Уживав во тоа што го видов

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул го победи ЛАСК со 4:0 и практично го завери првото место во својата група, па со тоа си обезбеди пласман во осминафиналето на второто по ранг европско натпреварување.

„Црвените“ сигурно ќе атакуваат на титулата во Лига Европа и важат за едни од главните фаворити за таков успех, но Јирген Клоп повеќе е насочен кон работите кои се случуваат во сегашноста, а вест на денот синоќа беше европското дерби на Конор Бредли.

Талентираниот 20-годишен фудбалер кој може да игра како десен бек и како играч за врска воодушеви со настапот кој го имаше во завршницата, без оглед на тоа што одигра само 10-тина минути.

Бредли беше импресивен на летните подготовки со Ливерпул и беше посебно фален од страна на Клоп, а сега откако ја санираше повредата која го одалечи од терените, дочека шанса да се покаже во првиот тим на највисоко ниво.

– Уживав во тоа што го видов, навистина многу ми се допадна Конор. Имаше само неколку моменти со топката, но сите можевме да видиме за каков талент станува збор.

– Навистина можеме да се потпреме на него и тоа е многу добро за нас. Можат да се соберат многу позитивни работи и после мечот му кажав само да ужива. Фудбалски е многу паметен, но неговото тело се уште треба да се развива пред да добие шанса на редовна база, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни