Поврзете се со нас

Англија

Клоп во свој стил: Осум години ме прашувате иста работа, можете ли да ми кажете…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул има највисоки цели во оваа сезона, а за да се остварат истите потребни се сите играчи на располагање со оглед на многуте натпревари, жестоката конкуренција.

Меѓутоа тоа не е возможно, играчите се повредуваат, некои полесно, некои потешко со тоа што во оваа втора група сега е Жоел Матип. Дефанзивецот ги повреди лигаментите на коленото и оваа сезона за него е завршена, па медиумите веќе најавија дека „црвените“ во јануари ќе тргнат во акција, ќе се активираат на пазарот, па дури беше и издвоено името на Максaнс Лакроа од бундеслигашот Волфзбург.

Клоп избрал бундеслигашки фудбалер како замена за Матип

Токму околу оваа тема менаџерот Јирген Клоп имаше што да каже и порача и им одржа една лекција на медиумите.

-Осум години не можам да разберам дека постојано ми ги поставувате истите прашања. Постојано зборувате за трансфери. Како да е наједноставната работа на светот. Треба да најдеме играч, треба да најдеме пари, а ние како да имаме бесконечна сума пари… не разбирам. Сите зборуваат исто, медиумите, навивачите, сите.

-Сето тоа чини пари, а играчот мора да биде вистинскиот. Можете ли да ми кажете кој клуб продава добар стопер?Не било кој стопер, туку најдобар, бидејќи само таков може да игра во Ливерпул. Сега имаме четири, петти не ни треба. Доколку не дојде до повреда, тоа може да биде проблематично поради бројот на натпревари.

-Ние не живееме во некој магичен свет каде што можете да донесете стопер од светска класа додека другиот не е здрав и подготвен. Освен ако некој не стави играч под елката и не каже дека можеме да го користиме кога ни е потребен… Не сум размислувал за тоа, но мислам дека нема никој да донесеме, -рече Јирген кој говореше и за Матип.

-Би рекол дека има шанси за продолжување на договорот, но не се прашувам за тоа. Сигурен сум дека клубот ќе покаже класа, бидејќи тоа е она што треба да се направи, -заклучи Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни