Поврзете се со нас

Англија

Клоп во свој стил: Ливерпул нема да ја брани титулата во следната сезона, ние ќе ја…

Објавено

на

Германскиот стратег, Јирген Клоп е човекот кој дефинитивно е најзаслужен што Ливерпул по пауза од три децении одново е шампион на Англија.

Клоп успеа да состави квалитетен тим кој е подготвен да одговори на неговите задачи, а и на доманантен начин да дојде до зацртаната цел и најдобар доказ за тоа е актуелната сезона во Премиер лигата. Секако Ливерпул во следната кампања ќе биде меѓу фаворитите за пехарот, ама според Клоп тие нема да ја бранат туку ќе ја нападнат титулата.

-Се додека скромни и гладни, имаме добри шанси да останеме навистина непријатен противник. Кога сте навистина непријатен противник, имате шанса да победите. И кога имате шанса да победите, тогаш понекогаш мора да победите. Има многу предизвици, животот е постојано предизвик, а наш предизвик сега како шампион е играње на седум натпревари против екипи кои ќе се борат за се.

-Можеме да покажеме дека не трчаме затоа што мораме, трчаме затоа што сакаме. Следната сезона, можете да напишете приказни за нас дека ќе го браниме трофејот или што и да е, но јас велам – ние нема да браниме ништо, ќе го нападнеме, -порача Јирген во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни