Поврзете се со нас

Англија

Клоп во пресрет на дуелот во ФА купот: Ќе ни биде потребно чудо за неколку фудбалери

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп денеска потврди дека Ливерпул го загубил на одреден период и Рајан Гравербех, со што се зголеми бројот на повредени играчи во пресрет на неколку важни натпревари.

„Црвените“ и со подмладен состав го освоија Лига купот, но менаџерот вели дека ситуацијата е далеку од позитивна. Нуњез, Салах и Собослаи се блиску до враќање на натпреварите, но Клоп ќе носи одлуки во пресрет на почетокот на дуелот со Саутемптон во ФА купот.

– Потребно ни е чудо за неколку фудбалери, но не сакам да ги отпишам на долг рок. Ситуацијата е сензитивна со неколку играчи кои не беа во составот против Челси.

– Рајан не е во комбинација. Можеше да биде и полошо, но секако ќе паузира одреден период, ќе пропушти неколку натпревари, – рекол Клоп.

Покрај неколку неизвесни играчи, повредени се и Алисон, Александар-Арнолд, Тиаго, Матип, Џоунс, Бајчетиќ и Жота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни