Англија
Клоп во Премиер лигата ја пронајде замената за Вијналдум кој веројатно ќе си оди по крајот на сезоната

Од таборот на Ливерпул веќе се подготвуваат за заминувањето на играчот од средниот ред, Џорџињо Вијналдум кој ја одработува последната година од неговиот договор.
Засега нема индикации дека холандскиот фудбалер ќе ја продолжи верноста со клубот од „Енфилд“, па голема е веројатноста тој по крајот на сезоната да си замине од клубот како слободен агент.
За него се интересираше Барселона на чија клупа седи Роналд Куман, но неговиот трансфер на „Камп Ноу“ не е сигурен затоа што веројатно Куман нема да биде тренер на „каталонците“ и следната сезона.
Јирген Клоп нема да остави ништо на случајност, и како што пишува „Дејли Мејл“ веќе го пикирал фудбалерот на Брајтон, Ивес Бисума како наследник на Вијналдум во тимот.
24 годишниот репрезентативец на Мали е редовен во дресот на Брајтон оваа сезона на девет натпревари има постигнато еден погодок. Бисума во редовите на Брајтон пристигна од Лил каде исто така беше доста стандарден во тимот.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!