Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Во моментов бодот против Сити за нас е успех

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп смета дека Ливерпул не се прикажал во најдобро издание на гостувањето кај Манчестер Сити, а тоа посебно важи за првото полувреме по кое домаќините имаа минимална предност.

Ремито е прифатлив резултат за „црвените“, а Клоп направил мини анализа на мечот.

– Ова е тежок терен за играње, не е случајно што толку често победуваат на домашен терен.

– Ние се уште сме во процес на растење, ако игравме подобро денеска, можевме и да победиме. Но, игравме само ОК, им создадовме проблеми, но моравме да менуваме многу во второто полувреме.

– Имавме добри моменти, но посакувам да беа повеќе, за овој момент во кој сме, бодот треба да го прифатиме како успех. Немаме за што да жалиме, – изјавил Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни