Клоп виде повторена снимка од незаборавниот корнер против Барса, неговата реакција ги воодушеви фановите на Ливерпул (Видео)

klop-smee

Јирген Клоп е препознатлив по своето заразно смеење и пријателски однос со новинарите и фановите кои прави да биде поразличен од сите други тренери, а сега посебно ги воодушеви навивачите на Ливерпул во необичната анализа која ја направи за официјаланата телевизија на клубот.

Германецот доби за задача да ги коментира најважните моменти од незаборавната сезона во Лигата на шампионите во која „црвените“ станаа европски шампиони, но како што можеше да се очекува, во прв план се најде неповторливиот корнер од мечот на „Енфилд Роуд“, односно чудесниот гол на Ориги со кој Ливепрул го комплетираше пресвртот против Барселона.

Клоп во свој стил се изнасмеа откако ја виде репризата на корнерот, а притоа заклучи.

– Барселона не можеше да очекува дека ќе изведеме толку брз корнер. Тоа беше неверојатно, тој гол никогаш нема да го заборавам, – нагласи Германецот.

Facebook Коментари